За нецел ден повеќе од 6000 прегледи

Започна авантурата на сезнајката Биби

Азбуката на сезнајката Биби од синоќа влезе во домовите на нашата детска публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. Секоја буква е своја приказна и токму преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет.

„Повеќе од 6.000 прегледи на азбуката на Биби за 16 часа, позитивни коментари од публиката, дечиња кои веќе ги повторуваат зборчињата на Биби нѐ охрабруваат дека сме на добар пат Биби да им стане најдобро другарче на децата. Со неа ќе можат да учат многу работи, но и многу да се забавуваат затоа што најлесно се учи низ игра“, вели Марјан Алексовски, еден од основачите на Факултети.мк и продуцент на серијалот за Биби.  

Oд работите што таа ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини на палавата Биби. Веќе на 21 октомври, во терминот од 19 часот  на нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi, заедно со своите родители ќе може да ја проследат и првата сказна на Биби, „Биби и животните“. При крај е и подготовката на сликовницата на Биби, која наскоро ќе биде промовирана.

Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.  

 

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе