Зајкова од ЛДП: Секој редовен студент да добива по 2.400 денари од државата за здрава исхрана

По 120 денари дневно или 2.400 денари месечно се предвидува за здрав студентски оброк со новиот Предлог- закон за субвенциониран студентски оброк, за секој редовен студент во Македонија, изјави Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.

„Ние како партија заедно со нашата младина сакаме да придонесеме студентите повеќе да не јадат нездрава, брза храна и да ги поттикнеме здравите навики односно да им создадеме услови здраво да се хранат и тоа да биде субвенционирано од државата. Воедно ќе ги стимулираме и малите бизниси односно ќе се поттикне економијата. Затоа очекувам сите политички субјекти во државата да го поддржат предлогот“, вели Зајкова.

Од партијата предлагаат правото на субвенциониран студентски оброк да го уживаат студентите кои се државјани на Македонија и се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети. 

Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од  8 до 20 часот, но не и во периодот од 1 јули до 14 септември во годината, како и за време на државни, верски празници и во неработни денови.

„Поаѓајќи од концептот за субвенциониран студентски оброк кој со години веќе се имплементира во Словенија, во законот предвидовме право на студентите за значително пониска цена да можат да се хранат во рестораните кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк. Во законот е предвидено дека под субвенциониран  студентски оброк се подразбира приготвена храна, но  со Правилник за субвенциониран студентски оброк донесен од Министерството за образование и наука детално ќе биде уредено што оброкот вклучува, како и дека од субвенција се исклучени газираните пијалаци и  брзата храна, како бургери, бели пецива, тостови, конзервирана храна…“ вели Зајкова.

Износот ќе се исплаќа на давателите на услуги кои што услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука. Давателите на субвенциониран студентски оброк ќе ги избира Министерството за образование и наука преку спроведување на постапка за јавна набавка во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки.

„Со Предлог-законот ЛДП подготви и Правилник за субвенциониран оброк кој по усвојување на законот ќе го достават до Министерството за образование, а во кој е пропишано дека студентите кои се корисници на субвенциониран студентски оброк не треба да се вработени или пак да вршат економски, земјоделски или професионални активности. За да нема злоупотреба самиот закон исто така предвидува дека средствата одобрени од Министерството за субвенционирање на здрав оброк може да се користат само за таа намена, а регулирано е прашањето и за вршење надзор над тоа како се спроведува мерката“, додава Зајкова.

За споредба се наведува случајот со Словенија која има висок животен стандард, субвенцијата на секој студент изнесува по 2,63 евра на ден. Таму, голем број на угостителски објекти со воведување на оваа мерка се спасени од затворање.

 

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе