четврток, 28 март 2024

Скопјанец ќе одговара зашто на државно земјиште направил приватен паркинг за кој наплаќал

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. од Скопје и против една скопска фирма за сторено кривично дело  узурпација на недвижности, соопшти МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„А.Р. како сопственик и управител на фирмата, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади  поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува  градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски  го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите“, соопштија од  МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ