Заев за написите во Ла верита: Негирам какви било лоши намери и незаконски дејствувања при набавка на вакцините

„Апсолутно негирам какви било лоши намери и незаконски дејствувања при набавка на вакцините, имавме писма за интерес преку повеќе приватни компании, не само во Кина за граѓаните час поскоро да ги добијат акцините, а одеме и преку џиновската „Чајна пауер", изјави премиерот Зоран Заев во врска со пишувањата на италијанскиот весник  Ла верита дека македонските власти посредувале во разговорите со кинеската комппанија „Синофарм“, преку фантомска фирма во Хонг Конг што било причина Кина да не ни даде вакцини.

За набавка на кинеските вакцини, премиерот појасни дека сепак се одлучило да се оди преку кинеската амбасада и кинеското МНР.

„По сите можни канали се обидувавме час поскоро да обезбедиме вакцини, јас, како и министерот за здравство Венко Филипче ја информиравме јавноста дека по две недели, чекање на активности на кинеската амбасада, ние директно преку „Синофарм" не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои што Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме нарачките да стигнат преку МНР на Кина и кинеската амбасада“, одговори Заев на новинарско прашање.

Тој рече дека не ја прочитал утринската вест на Ла верита, но повтори дека се правеле нарачки и преку приватни фирми бидејќи Владата се обидувала на секој начин да најде побрзо вакцини за граѓаните.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе