Премиерот вели вакцините се здрави и проверени

Стигнаа 20.000 дози вакцини „Спутник V“, донација од Србија

Премиерот Зоран Заев денес се заблагодари на Србија за денешната пратка од 20.000 дози вакцини од Спутник и рече дека тоа е буквално спасување на животите на нашите граѓани. Оваа пратка ќе биде наменета за здравствените работници. Премиерот Заев рече дека се пријавил во електронскиот систем за вакцинирање и дека кога ќе дојде на ред и тој, и неговото семејство ќе се вакцинираат со онаа вакцина која тогаш ќе биде на ред.

„Ова е втората донација од Србија и за нас е акт на огромно пријателство. Два пати ни донираат по 20.000 вакцини од. Србија помогна и со вакцините од Фајзер за да ги вакцинираме нашите херои, а тоа се здравствените работници. Додека стигнат нашите вакцини , да ги искористиме овие 20.000 за процесот на вакцинација на здравствените работници. Тие знаат колку е тоа важно. Голема благодарност до српскиот народ кои споделија со нас огромен број вакцини. Од вкупно 200.000 Спутник вакцини, 40.000 се за нашата земја. Тоа нема да го заборавиме", изјави Заев.

Тој изрази почит и благодарност и ги повика сите граѓани да се вакцинираат бидејќи, како што рече вакцините се здрави и проверени.

„Изразуваме почит и благодарност. Моја должност како човек е да апелирам до сите граѓани да влезат во системот за масовна вакцинација. И јас и министрите се пријавивме во електронскиот термин. Вакцината е здрава, сите вакцини се проверени и колку и ќе се вакцинирам со било која вакцина. Таа што ќе дојде на ред, таа ќе ја примам и јас и моето семејство. Најодговорно тврдам дека ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство, Венко Филипче, кој е здравствен работник, нема примено вакцина“, изјави премиерот Заев.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе