Во вакциналниот пункт „Борис Трајковски“

Заев по вакцинацијата со „Синофарм“: Се чувствувам одлично и ќе одам на работа

„Како да те штипне нешто“, рече премиерот Зоран Заев пред новинарите пред да ја започне својата изјава пред спортската сала „Борис Трајковски“, на прашањето како се чувствувал во моментот кога ја примил вакцината. Потоа изјави дека се вакцинирал со вакцината на Синофарм, која денеска била на располагање за имунизација. Нагласи дека изршил граѓанска должност, се чувствува одлично и дека оди на своето работно место каде го чекаат обврски.

Со дозите вакцини што досега пристигнале и дозите кои ќе пристигнат Заев оцени дека до почетокот на летото ќе биде на високо ниво процентот на населението што ќе биде вакцинирано и дека ќе се смени сликата на епидемијата во земјава.

„Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин на сајтот вакцинација.мк и да си го обезбедат единствениот начин за зачувување на здравјето. Колку побрзо го завршиме процесот наимунизација, толку побрзо ќе излеземе од епидемијата. По примерот на вакциналниот пункт во оваа сала, формирани се регионални пунктови за вавкцинација низ земјава, а набрзо ќе бидат отворени и во Прилеп и во Велес. Им честитам на Министерството заздравство и на сите лекари, медицински работници и волонтери за одличната организација на процесот на имунизација", рече Заев.

Тој апелира до градоначалниците, советници и до општинските власти да направат дополнителни напори за отворање и на други регионални и локални центри за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе. 

На прашањето како ги коментира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека има криминал при набаваката на кинески вакцини, премиерот рече дека верува дека постои постапка за декласификација на документите и дека ќе се увери јавноста дека беа правени напори да се дојде до вакцини.

„Разговарано беше со десетици фирми, плаќани беа авансии, исраќани беа гаранции. За вакцините на Синофарм прво се обидовме со аванс, но секако дека е вратен, бидејќи никогаш не е ни испорачан. Цените се познати за сите во светот, истите цени се и за нас. Ако се декласифицираат документите, јавноста ќе биде запозната со деталите. Правевме сѐ што е во наша моќ да обезбедиме вакцини, а одлуките не ги носиме јас или министерот, туку владата“, изјави Заев.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе