Свечена академија

Заев: Историјата на УКИМ е и историја на нашата земја

Премиерот Зоран Заев синоќа се обрати на свечената академија по повод 70 годишнината од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, која се одржа во Национална Филхармонија, и со која отпочнаа активностите од програмата по повод јубилејот на универзитетот и по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, и Ден на просветните работници.

„Прослава на еден голем јубилеј во чест на науката и образованието како основни светилници на патот кон подобра иднина за секоја заедница. Затоа денот на основањето на Универзитетот Св. Кирил и Методиј е и ден на високото образование во нашата земја. Седум децении оваа наша значајна институција го сее семето на знаењето, а нашата заедница ги жнее плодовите на академската и научната дејност на сите факултети и институти на првооснованиот Универзитет во нашата држава.

Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Северна Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 7 придружни членки – други организации.

Сликата на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘ во Скопје, јасно е претставена и низ следните бројки: Во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 60.000 студенти од Република Северна Македонија во прв и втор циклус на студии, како и повеќе од 700 странски студенти. Третиот циклус – докторски студии се реализира во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘, со повеќе од 1000 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработнички, како и административни кадри.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 150.000 високостручни кадри, над 10.000 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.

На овој Универзитет се напојувале со знаење и со академски и научни вештини нашите членови на академската и научната јавност, членови на Академијата на науките и уметностите, професорите и наставниците во образованиот систем, научниците што сега се членови на врвни научно-истражувачки институти во светот, нашите досегашни претседатели на државата, премиери, министри во владите“, рече Заев.

Историјата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како што кажа, е и историја на нашата земја.

„Државотворна е и мисијата на Универзитет ‘Св. Кирил и Методиј‘ да биде посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ, македонскиот јазик, историјата, литературата и културата и, како и да ги негува и афирмира и културните вредности на сите други етнички заедници во Република Северна Македонија“, рече, меѓу другото Заев.

 

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе