Задолжително растојание од најмалку два метра меѓу патниците во јавниот превоз

При вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метра меѓу патниците и може да има најмногу 50 отсто патници од вкупниот број седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.

Ова е предвидено со Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба што ја донесе Владата на денешната седница.

„Уредбата предвидува дека глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако врши превоз на патници спротивно од оваа уредба со законска сила, додека глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице-трговец поединец и правно лице ако врши превоз на патници спротивно на член 3-а од оваа уредба со законска сила. На одговорното лице во правниот субјект ќе му се изрече глоба во износ од 150 евра во денарска противвредност“, информира Владата. 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе