Владата ги усвои препораките за епидемијата

Градинките во Македонија нема да примаат деца кои не се вакцинирани од морбили

Невакцинираните деца со МРП на територија на целата држава нема да бидат примани во градинките. Ова е препораката што денес ја усвои Владата, а разгледана и усвоена е информацијата на Министерството за здравство, според која по предлог на Комисијата за заразни болести при Министерството е донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на целата територија на Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, во согласност со постапката за вакви ситуации донесени се и соодветни препораки што предвидуваат строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на целата држава, како и почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на клиниките за инфективни болести и педијатрија и да се намали стапката на интрахоспитално ширење на инфекцијата.

Препораките предвидуваат сите невакцинирани здравствени работници, кои се во директен контакт со пациенти (особено педијатри, инфектолози и гинеколози), задолжително да бидат вакцинирани со две дози МРП.

Како посебно важна препорака се нагласува потребата од интензивирање на мерките за вакцинирање на невакцинирани деца преку спроведување кампањи за вакцинација и теренски активности за промоција на вакцинацијата спроведени од центрите за јавно здравје и надлежните служби од здравствените домови и да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација, кои се постари од 14, а помлади од 45 години.

Во информацијата за епидемијата на мали сипаници се наведува дека овие активности особено треба да се засилат во градовите надвор од Скопје.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе