Без промени на рестриктивните мерки кај јужниот сосед

За влез во Грција нема ограничувања за вакцинираните со три дози против ковид-19

Сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид тест, се вели во правилата за влез во Грција. Од 15 март е укинато пополнувањето на ПЛФ формуларот (Passenger Locator Form), кој беше задолжителен 20 месеци. За вакцинираните со бустер - доза нема никакви ограничувања за влез во Грција. Сертификатите за влез во затворени објекти во Грција се со покусо време на важност.

Актуелните правила за патување во Грција, односно задолжителниот документ за ковид-19, но без ПЛФ- формуларот што е укинат од 15 март, мерки кои меѓу другото важат и за државјаните на Македонија, се непроменети и продолжени за уште две седмици.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19", веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а ќе важи до 4 април.

Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген-зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив е и Македонија.

Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест.

За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање.

Втората опција е со потврда за прележан ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР-метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена од истиот.

Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам.

Во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница предвиден е петдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи.

Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на позитивните на ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат маска со висока заштита или Кн95, или пак двојна маска.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или поминале девет месеци од примената втора доза или пак, немаат прележано ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во петдневна изолација по последниот контакт со позитивното лице и на последниот ден да направат ПЦР или рапид тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани лица и со трета доза или не поминале девет месеци од втората или пак, прележале ковид-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат на петтиот ден од контактот.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија кој е со работно време од 8 до 20 часот.

Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време.

Во одлуката е наведено дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.

Во внатрешноста на Грција, сертификатите имаат помало времетраење, па така, иако за влез во земјата европскиот сертификат за вакцинација и прележана болест важат девет месеци по втората доза и шест месеци по првиот позитивен тест, за влез во затворените објекти во земјата, валидноста е помала, односно седум месеци за сертификатот е за вакцинација и 90 дена за потврдата за прележан ковид-19.

За оние кои примиле бустер доза нема никакви ограничувања.

MИА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе