За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Според статистика на Министерството за здравство за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 6.08 до 11.11.2021 на територија на државата починале 1.788 пациенти со ковид-19, 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
пелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2, велат од МЗ.