ДСЗИ ќе го испитува случајот

За три дена во болница од ковид-19 почина 22-годишно момче без заболувања

Со обвинувања за несовесно лекување и на 22-годишниот битолчанец Дарко Мицкоски кој пред десет ден почина од ковид-19 во Битолската болница, неговото семејство упати отворено писмо до јавноста и до министерот Венко Филипче. Неговиот брат Дејан на Фејбук објави дека тој не бил вакциниран, но немал ниту хронични заболувања, а блиските се убедени дека младиот човек можел да се спаси.

Се работи за следниот случај:
 
“Мојот брат на 09.10.2021 е константирано дека боледува од ковид-19. Резутатот е добиен во 19 часот. Веднаш е почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му беше 39.2°C. Брат ми не беше вакциниран против ковид-19. Со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа. Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7. Даден совет за таблети Кардиопирин од 100мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин.
 
На 11.10.2021г повторна е однесен во клиничка болница Битола. Извршен е преглед и константирана е температура од 39.3°C, сатурација 97, тахикардија 139 и крвен притисок 120/70. Константирано е васкуларно дишење. Cor-bo. Дадено Sol NaCl 0.9% 250мл + ампула аналгин/ив. Вратен е дома со темпетура од 38°C, отежнато дишење и кашлица.
 
Третиот ден 12.10.2021 повторно е однесен во клиничка болница Битола со висока температура и кашлица. Направен е РТГ и е хоспитализиран. Ставен е на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите (за нас непознати).
Во наредните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид.
 
Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.
 
Во собите на пациентите оставени се овие броеви за помош од медицинските сестри 047/243-350, 047/243-445 кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму.
 
А дадениот број од дежурниот лекар 071-213-415 е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125кг, 180цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг.
 
За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме. Господине министер Венко Филипче ја ценам вашата стручност, знаење ама со вакво здравство ќе ни требаат уште стотина години за да го достигнеме минимумот на Европското ниво. За горенапишаното располагаме со документација која можеме да ја дадеме на увид за тој што ќе покажи интерес за случајот. Напоменувам дека за време на хоспитализацијата мојот брат три дена нонстоп беше под маска и контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот.
 
Со почит, од вечно ужалостеното семејство на 22 годишното братче кое ќе живее во нашите срца, додека ние постоиме. Нека му е вечна слава“, стои во објавата на Дејан. 
 
Случајот со починатиот млад пациент ќе го испитува Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 
 
Уште на почетокот од минатат недела за овој случај е инциран вонреден инспекциски надозор од страна на ДСЗИ, кој треба да ја утврди патека на лекување на пацинетот, од матичниот лекар преку болничките прегледи и третманот во КБ Битола, соопштија од МЗ. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе