За три дена 135 нови случаи на ковид-19, починати нема, оздравеле 164 лица

Во изминатите три дена направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи од кои 25 се реинфекции. Оздравени се 164 пациенти, а нема починати лица. Бројот на активни случаи е 475, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 93, Битола и Кавадарци по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино по 2 и во Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 164 оздравени пациенти од кои од Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе по 2, а од Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направените 2.257 тестови се преку: ИЈЗ-288, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–93, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-45, Биотек-87, Систина-54, лабораторија Лаор-31, Синлаб-18, Ремедика-11, Плодност-12, Генеа-16, Никоб Лаб-141, ВФВ Медикал-26, Ели МедикаПлус-35, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.128.

Досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475.

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 147.158, Активни 311

Куманово 16.677, Активни 5

Битола 15.686, Активни 38

Прилеп 14.219, Активни 8

Тетово 13.482, Активни 6

Кавадарци 10.695, Активни 11

Велес 9.799, Активни 10

Гостивар 9.610, Активни 5

Охрид 8.935, Активни 30

Штип 8.077, Активни 13

Струмица 8.076, Активни 3

Кичево 5.652, Активни 2

Кочани 5.096, Активни 5

Струга 4.728, Активни 1

Гевгелија 4.423, Активни 1

Неготино 3.697, Активни 7

Ресен 2.751, Активни 1

Свети Николе 2.635, Активни 2

Радовиш 2.531, Активни 0

Крива Паланка 2.418, Активни 0

Делчево 1.986, Активни 1

Берово 1.691, Активни 9

Дебар 1.678, Активни 2

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.394, Активни 2

Пробиштип 1.267, Активни 0

Богданци 1.021, Активни 0

Кратово 966, Активни 0

Крушево 930, Активни 1

Демир Хисар 836, Активни 0

Македонски Брод 739, Активни 1

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе