Влада

За првомајските празници министрите Филипче и Чулев со спротивставени предлози

По низата констатирани пропусти во работата на Центарот за јавно здравје во Велес, од утре оваа институција ќе има нов директор. Според последните анализи пикот на епидемијата од коронавирусот во Македонија ќе биде кога бројката на заразени ќе дојде до бројката 1.600- 1.700, а не како што претходно беше проценето 2.000 - 2.500. Ова е резултат на успешното спроведување на стратегијата, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.  

Во однос на првомајските празници, Филипче рече дека Владата одлука ќе донесе утре. Предлогот на Кризниот штаб е да има забрана за движење од четврток во 19 часот до понеделник во 5 часот наутро. Ова е медицински издржан предлог, рече министерот. Но, за ова Владата утре ќе донесе одлука.

Наспроти ова мислење на Филипче, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук-профил напиша дека овој викенд нема потреба од продолжен полициски час, како што беше за велигденските празници. Тој предлогот го доставил до Координативниот кризен штаб во Владата.

Предлогот на Чулев е полицискиот час да почнува исто како изминатиов викенд, кога забраната за движење започна во сабота од 15 часот, а траеше до 5 часот наутро во понеделник.

„Во пресрет на продолжениот викенд за 1 Мај, сметам дека Владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните“, напиша Чулев на својот профил на Фејсбук.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе