Министерство за здравство

За патување во странство сега е достапна и апликацијата за CommonPass сертификат

Министерството за здравство соопшти дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифициран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин.

Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommonPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните.

Ова е процедурата за преземање на овој сертификат:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
 
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
 
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
 
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
 
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass“ oд Google Play Store/App Store
 
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
 
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотiја да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, па сега освен националниот сертификат со QR код, имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ.

Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата, стои во соопштението.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе