На веб-страницата

За неколку часа се пријавиле 8.000 граѓани за вакцинација

На веб страницата www.vakcinacija.mk којашто беше пуштена во употреба вчера за само неколку часа се регистрирале повеќе од 8.000 граѓани, објави синоќа министерот за здравство, Венко Филипче.

„Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја“, напиша Филипче.

Веб-страницата откако беше пуштена вчера, не функционираше неколку часа.

Филипче денеска во изјава за „Политико“, повтори дека набавката на вакцините не смее да биде политичко прашање, односно приоритетот треба да биде кон зачувување на јавното здравје. Според него, сите земји од ЕУ во моментов се соочуваат со недостиг и предизвик во набавката на вакцини. Механизмот на европската солидарност доцни, но тој ќе се реализира.

Текстот насловен како „Западен Балкан се врти кон исток за вакцини“, пишува за тоа што земјите од ова подрачје мора да се вртат кон Русија и кон Кина, откако и самата ЕУ има проблем со набавката на вакцини. Механизмот доцни и во далеку поразвиените земји од ЕУ, па така Србија веќе вакцинираше 7% од населението.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе