По примерот на СЦ „Борис Трајковски“

За источниот дел вакцинација во спортската сала „Јордан Мијалков“

Жителите на источниот регион масовно ќе се имунизираат во универзитетската спортска сала „Јордан Мијалков" во штипската населба Сењак, како најголема во Штип. Oрганизацијата ќе биде по примерот на вакцинацијата во скопската сала „Борис Трајковски“.

„Во текот на наредната недела треба да утврдиме колку пунктови за вакцинирање ќе имаме точно, првично се над 20, а според проекциите дневно ќе може да се имунизираат од 1.000 до нешто повеќе од 2.000 жители од регионот. Уредувањето на салата и прецизирањето на сите детали ќе биде во текот на наредната недела, вели директорката на Здравствениот дом „Панче Караѓозов"-Штип, Снежана Трајковска.

Таа вели дека организацијата на имунизацијата на населението ќе биде по примерот во спортската сала „Борис Трајковски" во Скопје. Во целата организација ќе учествуваат вработените од Здравствениот дом, потоа здравствен персонал од Клиничка болница и Центарот за јавно здравје, а ќе се вклучат и студентите од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев"-Штип, како и волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст.

Спортската сала „Јордан Мијалков" се наоѓа во новиот и урбанистичски среден дел на градот Штип, граѓаните од општините од Брегалничкиот регион нема да влегуваат во централното градско подрачје, туку ќе имаат брз влез и излез преку мини обиколницата и новиот мост на реката Брегалница, со што ќе се избегнат сообраќајните гужви низ градот.

Во штипската Клиничка болница денеска се хоспитализирани 89 пациенти, од кои 55 се на постојана кислородна поддршка. Битката со коронавирусот ја загубија три лица од Пробиштип, Свети Николе и Радовиш, најмладиот пациент е на возраст од 52, а највозрасниот на 75 години.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе