Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=455; 26,8%), додека најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=51; 3,0%). Во однос на претходната недела, се регистрира незначително зголемување на бројот на заболени кај возрасните групи од 50-59 години и 60+. Кај сите останати возрасни групи се забележува намалување во споредба со минатата недела, со најзначително намалување кај возрасните групи 10-19 (24,2%) и 0-9 (17,7%).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.738 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 1,7% помалку во споредба со минатата недела (n=1.768). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 268 реинфекции, со намалување од 13,3% во однос на претходната недела.
Пријавени се 17 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (21-27.03.2022), за 13,3% повеќе во однос на претходната недела (n=15). Најголем дел од нив се од Скопје (8). Во однос на возраста, регистрирани се 16 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела во 5,3% од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон, а во 94,7% од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон - позната уште и како „стелт“.
Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 82 лица (24,8% помалку во споредба со претходна недела), од нив 33 се на кислородна поддршка (32,7% помалку во споредба со претходна недела), а 1 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (66,7% помалку во споредба со претходна недела).
.