Институт за јавно здравје

За една недела помалку новозаболени и починати, но и реинфекции од ковид-19

Во периодот од 6 до 12 декември регистрирано е намалување и на бројот на нови случаи на ковид-19, и на реинфекции и на смртни случаи, покажува неделната анализа на Институтот за јавно здравје.

Во изминатата недела тестирани се вкупно 17.997 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, што е за 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Притоа регистрирани сe 2.090 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 6,8% до 13,7%, просечно 11,2%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.024; 49,0%), со неделна инциденца – 161,5/100.000.

Во истиот период има и помал број на заболени кај сите возрасни групи.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.136 (54,4%) лица од женски и 954 (45,6%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 2.256 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 26 реинфекции, односно 35% помалку во однос на претходната недела.

Пријавени се 66 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, што е намалување од 2,9% во однос на претходната недела, а најголем дел од нив се од Скопје (26).

Во однос на возраста, најголем број (87,9%) од починатите биле над 60-годинишна возраст, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7) и 40-49 години (1).

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе