Извештај на Институтот за јавно здравје

За една недела починале 105 лица, 1.304 нови случаи на ковид-19, оздравеле 4.502 лица

Во периодот од 3 до 9 мај, во споредба со претходната недела, регистрирани се нови 1.304 случаи, што претставува намалување за 37,2 проценти, соопшти Институтот за јавно здравје, додека пак, бројот на оздравени лица е зголемен за 12,2 проценти. Починале 105 лица, но Институтот забележува дека и во тој поглед станува збор за намалување на смртноста за 37,1 отсто.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 3 до 9 мај тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4 проценти во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени" се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, шест лица на возраст од 50-59 години, пет лица на возраст од 40-49 години, две лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе