Неделен ковид-извештај на ИЈЗ

За една недела починаа 93 лица, 2.329 нови позитивни случаи, оздравени 3.884 пациенти

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021г. тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на претходната недела.

Инстситутот за јавно здравје наведува дека најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21.6%, намалување од 4.1% во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).

По добиени двва негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 градови, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе