Три типа на вируси

За една недела од грип заболеле повеќе од 1.000 лица

Се зголемува бројот на заболени од грип, информираат од Институтот за јавно здравје. 

Изминатата недела се регистрирани повеќе од 1.000 заболени. Пристигнати се 40 материјали за тестирање од нив 20 се позитивни. Во државава циркулираат три типа на вирусот – тип Б, АH1 и АH3, изјави денеска д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека тоа што циркулира во Европа го има и кај нас.

„Од 14 пациенти кои биле хоспитализирани земен е материјал, а половина од низ се позитивни на грип. Тоа значи дека половина од пациентите биле хоспитализирани поради пневмонии, што се должи на грип. Сè уште ги обработуваме податоците во однос на критичните пациенти, бидејќи таков тип информации не ги добиваме преку редовниот надзор, туку преку јавување во болниците“, додаде д-р Микиќ. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе