Неделен извештај на Институтот за јавно здравје

За една недела бројот на починати од ковид-19 зголемен за 71,4 проценти

Во периодот од 19 до 25 октомври тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, што е зголемување од 5,9% во однос на претходната недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во овој период регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, вкупно 1.654 или 48,5%, при што е забележана и највисока неделна инциденца – 267,8/100.000.

Според извештајот, процентот на позитивни од тестирани лица во наведениот период, изнесува 24%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (750 или 22,0%), а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 (673 или 19,7%), 40-49 (632 или 18,5%), 50-59 (595 или 17,4%) и 20-29 (539 или 15,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (72, односно 2,1%) и 10-19 години (149, односно 4,4%).

Што се однесува до дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3%.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во однос на минатата недела.

Во овој период пријавени се 84 смртни случаи од 24 града, зголемување од 71,4 отсто, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40 до 49 години и двајца во возрасната група од 30 до 39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 45 или 53,6%.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе