Зголемен бројот на пациенти

За еден месец во мобилната амбуланта на Пулмологија се јавиле 1.820 пациенти

На Клиниката за пулмологија е зголемен бројот на пациенти за преглед, а во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел за еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли. Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови, информира директорот на Универзитетската клиника за пулмологија, Дејан Докиќ.

Во новиот објект, како што стои во соопштението од Министерството за здравство, има  четири ординации, две амбуланти за пациенти преку МојТермин, една за прием на интервентни пациенти и приоритетни упати, и една за контролни прегледи. Две простории – дневни болници се наменети за сместување амбулантски пациенти, како и кабинетите за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања, за ЕКГ, две  посебни чекални и други помошни простории.   

„На овој начин пациентите коишто имаат проблеми со белите дробови ги одделуваме од сите други пациенти во останатите амбуланти, кои претходно сите беа на едно место, и со тоа го намалуваме ризикот од трансфер на коронавирусот на пациентите кои доаѓаат овде во Клиничкиот центар и за друга симптоматологија“, вели Докиќ.  

Инаку, во новиот објект во целост се почитуваат сите мерки за заштита на пациентите, на влез се мери температура, секој добива електронско бројче во чекалната, а посебно назначени лица ги насочуваат пациентите внатре во амбулантите. Во посебни простории се изведуваат различни дијагностички и амбулантски процедури, што создава можност за помала концентрација на пациенти на едно место и запазување на мерките и протоколите, кои го спречуваат ширењето на коронавирусот.

 

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе