Процес на имунизација против ковид-19

За два дена прва доза вакцина примиле 3.407 граѓани

Прва доза вакцина во текот на вчерашниот и завчерашниот ден ден примиле 3.407 граѓани, а заедно со ревакцинираните лица станува збор за 22.581 вкупно аплицирани вакцини. Во Македонија досега целосно се имунизирани 667.739 граѓани. Околу 30 проценти од полнолетните граѓани на возраст под 40 години примиле барем една доза вакцина.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, последните денови има намалување на интересот за вакцинирање и сега е околу 2.000 дневно, а на почетокот имаше по 10 илјади пријавувања дневно.

„Кога се воведе мерката за влез во институции и угостителски објекти со сертификат за вакцина за две недели се јавија околу 200 илјади граѓани. Имаше интерес па спласна, па повторно се зголемуваше како што почнуваа кампањите и мерките“, рече Филипче.

Како што соопшти Министерството за здравство во земјава досега се аплицирани вкупно 1.435.392 дози вакцини, а ревакцинирани се 667.739 граѓани.

„Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител“, велат од Министерството за здравство.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе