Влада

За дефицитарните технички струки решение ќе бара владина работна група

Работна група во која ќе членуваат претставници од повеќе министерства, до 1 октомври треба да достави конкретни предлог-заклучоци за дефицитарните технички струки на пазарот на трудот, одлучи Владата на денешната седница.

Одлуката е донесена откако се разгледа iнформацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Оваа информација и заклучоците произлезени од неа дојдоа како резултат на средбата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за финансии, Ширет Елези, со претставници од сите технички факултети на УКИМ: Машински факултет, Архитектонски факултет, Градежен факултет, Технолошко-металуршки факултет, ФЕИТ и ФИНКИ. На средбата беа разгледувани можностите за надминување на недостигот од висок стручен кадар, можностите за решенија за ниските плати на техничкиот кадар, како и за подобрување на условите за одржување на предметната настава со соодветна опременост на техничките лаборатории“, информира владината прес-служба. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе