Најавен состанок на Комисијата за заразни болести

За четири дена бројот на активни случаи на ковид-19 порасна за 45 отсто

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава е зголемен за 45 проценти од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1.365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на ковид-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Од вкупно 2.309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1.231 или 50 отсто од бројот на активните случаи, додека во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против ковид-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер” или „Модерна”. Периодот  од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9 337.

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот подвид на коронавирусот, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

„Минатата недела во светот се потврдени 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто. Починати се 9.800 пациенти, колку и претходната седмица”, пишува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од ковид-19 која и понатаму претставува глобална вонредна состојба.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе