За 24 часа во Тетово од ковид-19 починаа 9 лица, пациенти се носат и во Скопје

Во ковид-центарот во Тетово за 24 часа починати се девет,  а хоспитализирани 18 пациенти. Поради сериозни компликации од повеќе хронични болести,  пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.

За 24 часа имавме 209 амбулантски прегледи што укажува дека уште ќе има нови хоспитализации за жал. Во моментов има 124 хоспитализирани пациенти од кои 18 се нови, како максимум во цела пандемија. Починатите се сите над 65 години, со коморбидитети. Друг проблем е што имаме ситуации каде има пациенти со ковид, но примарни им се болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје. Затоа вчера имавме транспорт на тројца пациенти во болницата „8-ми Септември", изјави д-р Гзим Нуредини од ковид-центарот.

Секојдневните приеми, како што рече, но и пациенти кои се по три недели на лекување во болница уште повеќе ја комплицира состојбата во Тетовската болница. Сите пациенти имаат други сериозни болести, за коишто требаат добри специјалисти да се третираат.

„Секој ден одиме нагоре со бројките. Ако нема отворена врата од Скопје сами ќе се организираме. Но, не е суштина во кревети, не може цела болница да ја блокираме. Имаме инфаркти секој ден, имаме крварење во желудникот и тие ни се потенцијали за умирање. На хирургија има повредени и не може да се земат сите анестезиолози. Нормално дека имаме капацитети, ама не би сакале и немаме намера да се прошириме зашто ќе биде полошо за тие што се веќе хоспитализирани, па некако да видиме со Скопје да ни отворат врата за може полесно да ги третираме овие што ги имаме“, објасни д-р Нуредини.

Меѓу 124 хоспитализирани има младо лице на 31 години со прекумерна телесна тежина, а 47 годишно лице е без коморбидитети и е во добра состојба и може да се пушти дома.

Од 124 пациенти во болницата околу 90 отсто не се вакцинирани, односно 13 имаат примено само една доза доза, а три пациенти две дози.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе