Од 3.425 тестирања позитивни се 13 проценти

За 24 часа уште 454 нови случаи на ковид-19, починаа 9 лица

Во измитатите 25 часа се направени 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 308 пациенти, а пријавени се 9 починати лица на возраст од 30 до 84 години и дополнителни 7 кои починале од 3 до 27 септември. Бројот на активни случаи денеска е 12.090, а Дојран е единствениот град без заболени од ковид. 

Според податоците од Министерството за здравство, новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, во Охрид и Струмица по 11, Кичево – 10, во Кочани, Свети Николе и Кратово по 9, во Тетово и Гевгелија по 7, Ресен – 5, во иница и Валандово по 4, во Неготино, Радовиш и Македонска Каменица по 3, во Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар по 2, и во Берово и Крушево по 1.

Регистрираните 308 оздравени пациенти се од Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, од Велес и Битола по 8, од Прилеп и Кочани по 7, Штип – 6, Дебар – 4, од Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип по 3, од Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија по 2, а од Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 5 починати лица од Скопје (84г, 79г, 66г, 62г и 57г), 2 починати лица од Куманово (63г и 30г) и по едно починато лице од Гостивар (64г) и Кавадарци (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 03.09.2021 до 27.09.2021 година. Починатите лица се по 2 од Скопје и Струмица и по едно починато лице од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 години.  Од пријавените лица 2 се починати во домашни услови, а 5 лица се починати во болнички услови.

Направените 3.512 тестови се преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–60, ЦЈЗ Куманово-70, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-130, Биотек-216, Систина-80, лабораторија Лаор-155, Синлаб-6, Ремедика-17, Плодност–39, Генеа-8, Никоб лаб-381, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-39, Ројал Медика –23,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.319. Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирања на ковид-19. 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.915 бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 83.054, Активни 5.588

Куманово 11.348, Активни 979

Тетово 10.810, Активни 915

Прилеп 9.030, Активни 303

Гостивар 7.954, Активни 476

Битола 7.070, Активни 278

Велес 6.194, Активни 331

Охрид 5.926, Активни 533

Кавадарци 5.887, Активни 229

Струмица 5.711, Активни 276

Штип 5.687, Активни 233

Кичево 3.958, Активни 416

Струга 3.777, Активни 367

Кочани 3.227, Активни 150

Гевгелија 2.402, Активни 83

Неготино 2.312, Активни 39

Свети Николе 1.883, Активни 113

Ресен 1.533, Активни 95

Радовиш 1.509, Активни 93

Дебар 1.449, Активни 111

Крива Паланка 1.421, Активни 97

Берово 1.207, Активни 30

Делчево 1.118, Активни 66

Виница 1.026, Активни 50

Пробиштип 909, Активни 32

Валандово 815, Активни 34

Кратово 564, Активни 61

Богданци 545, Активни 11

Крушево 527, Активни 20

Македонски Брод 466, Активни 28

Демир Хисар 437, Активни 25

Демир Капија 409, Активни 4

Пехчево 312, Активни 4

Македонска Каменица 299, Активни 20

Дојран 139, Активни 0

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе