Од 1.658 тестирања позитивни се 1,8 отсто

За 24 часа нови 30 случаи на ковид-19 и 16 починати

Од направени 1.658 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје - 14, Куманово - 4, во Тетово и Кочани - по 2, а во Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип  по 1. Оздравени се 359 пациенти, а починаа 16 лица, од кои половината во Скопје, информира Министерството за здравство.

Оздравените 359 пациенти се од Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, од Велес и Кичево по 12, од Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11, Ресен – 10, Штип – 9, од Виница, Прилеп и Свети Николе по 6, Струмица – 5, од Неготино и Берово по 4, од Радовиш и Гевгелија по 3, од Крива Паланка и Дебар по 2 и од Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица и тоа 8 од Скопје (61г, 62г, 69г, 72г, 75г, 80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г и 82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Направените 1.658 тестови се преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Скопје-24, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, МАНУ-37, Жан Митрев (Филип Втори)-167, Авицена-208, Биотек-676, Систина-184, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-48, Плодност–56, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 134. Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 68.179, активни 2.493

Куманово 8.763, активни 519

Прилеп 8.255, активни 301

Тетово 7.185, активни 230

Битола 6.258, активни 419

Велес 5.459, активни 174

Гостивар 5.154, активни 124

Кавадарци 5.141, активни 92

Охрид 4.975, активни 290

Штип 4.951, активни 137

Струмица 4.093, активни 141

Струга 2.969, активни 105

Кочани 2.770, активни 86

Кичево 2.527, активни 148

Гевгелија 2.189, активни 64

Неготино 2.177, активни 48

Свети Николе 1.517, активни 62

Ресен 1.233, активни 89

Крива Паланка 1.217, активни 21

Радовиш 1.130, активни 62

Берово 1.026, активни 12

Делчево 964, активни 45

Дебар 938, активни 8

Виница 871, активни 90

Пробиштип 786, активни 18

Валандово 664, активни 11

Богданци 493, активни 17

Крушево 488, активни 34

Демир Хисар 396, активни 36

Демир Капија 396, активни 4

Кратово 363, активни 11

Македонски Брод 356, активни 1

Пехчево 266, активни 4

Македонска Каменица 243, активни 17

Дојран 132, активни 0

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе