Од 2.887 тестирања

За 24 часа нови 29 случаи на ковид-19, починати нема

Од направени 2.887 тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на ковид-19, оздравени се 34 пациенти, а нема починати лица, информира Министерството за здравство. 

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 9, во Кичево – 5, од Куманово и Тетово по 4, во Прилеп и Охрид по 2 и по еден во Штип и Струмица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 18, Прилеп – 4, од Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и од Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе