Независниот академски синдикат предупредува

За 11 години државните универзитети ќе останат без професори, на УКИМ итно да се вработат 300 лица

Ако генерално не се смени политиката на вработување, финансирање и плати во високото образование, овој сектор ќе престане да биде примамлив за добрите, воопшто за вработување и тоа е причината за деградацијата на образованието, предупредува Независниот академски синдикат (НАкС).

Од НАкС бараат интервентно вработување на 300 лица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и 100 на другите јавни универзитети и научни установи, во најскоро време да почнат преговори за потпишување колективен договор, итно да се формира Национален совет за финансирање и развој на виското образование и науката, да почне постапка за донесување нов Закон за научноистражувачка дејност во кој ќе биде предвидено формирање Агенција за научноистражувачка дејност што ќе ја финасира реализацијата на научноистражувачки проекти. Овие барања вчера ги претставил и пред министерот за образование и наука Арбер Адеми и неговиот тим советници за високото обрзаование.

Претседателот на Независниот академски синдикат (НАкС) Маја Стевановиќ денеска го презентира и истражувањето што го спровеле за структурата на вработените на шесте јавни универзитети и осумте јавни научни установи (самостојни институти кои не се во состав на универзитетот). Истражувањето покажало дека постои огромен недостиг на асистенти на најстарите универзитети, УКИМ и Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола (УКЛО), додека по однос на подмладокот универзитетите ДУТ, „Гоце Делчев”-Штип и „Мајка Тереза” имаат солидна основа за опстанок и за иден развој. Истражувањето покажало дека за 11 години, но можеби и помалку, сите редовни професори од државните универзитети ќе заминат во пензија и нема да има кој да ги замени. 

„Од 28 единици  без Медицински и Стоматологија дури на 8 единици на УКИМ нема ниту еден асистент. На многу единици има по еден, два, што воопшто во иднина не е доволна бројка асистенти кои можат да ги заменат професорите кои ќе заминат во пензија. Слична е ситуацијата и во јавните научни установи тоа се оние научни институти кои не се во состав на универзитетите”,

вели Стефановиќ.

Од НАкС препорачуваат да се почне со ревитализација на УКИМ, УКЛО и на јавните научни установи, така што во Буџетот за идната година ќе се обезбедат дополнителни финасиски средства за интервентно вработување на професорски, асистентски и административен кадар, универзитетите и јавните научни установи по автоматизам да добиваат согласности за вработување од МОН и Министерството за финансии.

Мимоза Ристова, професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и член на Извршниот одбор на НАкС рече дека не е точно оти има големи плати во високото образование и потребно е нивно зголемување. Информира дека зголемување на платите имало за вработените во основното и средното образование, а од 3,8 до 4 отсто за високото образование, наместо пет отсто.

„Во Македонија состојбата е најлоша и треба да се коригира. Ова не е фер, не е добро и не е во согласност со добрите практики во Европа и во регионот”, вели Ристова.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стевановиќ рече дека платите не подмладокот не се атрактивни и младите генерално не помислуваат да останат на факултет.  Според неа, ако генерално не се смени политиката по однос на вработување, финансирање, плати во високото образование, овој сектор ќе престане да биде примамлив за добрите, воопшто за вработување и тоа, како што рече, е причината за деградацијата на образованието.

Таа заклучи дека се огромни проблемите во високото образование и треба што побрзо да почнат да се решаваат еден по еден.  Додаде дека со МОН и со ресорниот министер почнале конструктивен дијалог и се договораат да работат во перспектива. 

 

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе