Второ пријавување за упис во средните училишта, слободни места има за 23.410 ученици

Во средните училишта денеска и утре е второто пријавување за упис во прва година во учебната 2019/2020 година. Слободни места има за вкупно 23 410 ученици.

Според податоците на Министерството за образование и наука, по првото пријавување кое беше минатиот понеделник и вторник, слободни остануваат 15.118  места за настава на македонски  јазик, 7.416 за настава на албански  јазик, 788 места за турски, 34 за српски  јазик и 54 места за повторувачи.

Слободни места според видот на образование за второто пријавување има 5.983 за гимназиско образование и 17.275 за стручно образование.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни.

Конкурсот за запишување ученици е завршен во неколку гимназии, како и во училишта каде што има здравствена, економско-правна, електротехничка, угостителско-туристичка струка….

За второто пријавување, училиштата може да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско-правна и трговска струка и здравствена струка.

Со Конкурсот за запишување во прва година средно образование за учебната 2019/2020 година беа обезбедени вкупно 35.690 ученички места. На првото пријавување на 17 и 18 јуни се пријавиле 16.676 ученици, а се запишале 11.826. Од нив 4.464  во  гимназиско образование, 7.000 во стручно образование, 242 ученици во Спортска академија.

Третото пријавување во средните училишта каде што ќе има слободни места ќе биде на 1 јули.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе