Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 123 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа има 2 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50 болни сомнителни и потврдени на ковид 19. Во државава од ковид-19 во болница се лекуваат 123 пациенти и има околу 420 празни болнички кревети. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на ковид 19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 13 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 4, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 5 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 4 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти. Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 пациенти.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе