Министерство за труд и социјална политика

Вонреднa инспекциja во градинката во која на децата им ја пуштале „Жена од Султана“

Откако и по медиуми се објави видеото кое го сподели револтиран родител, на кое се гледа како воспитувачка на деца во градинка им ја пушта турбо - фолк песната „Жена од султана“, (Жената на султанот), Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во градинката ќе биде извршена вонредна инспекција.

„Во врска со информациите, што беа објавени во порталот Слободен печат, дека во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно - згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки“. се вели во соопштението.

Инаку, на видеото, кое родителите го добиле од самата воспитувачка, со цел да се покажат активностите со децата, се гледа како деца играат на песната  „Жена од султана", која таа им ја пуштила,  а во еден моменти им вика: „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам".

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе