Шекеринска за ангажманот на Армијата

Воено медицинскиот персонал ќе се вклучи во масовната имунизација против ковид-19

Воено-медицинскиот персонал и натаму е вклучен во борбата против ковид-19 и во самото лекување на пациенти, а веројатно ќе биде вклучен и во процесот на масовна имунизација на населението, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Во земјава сме имале и вонредна и кризна состојба, но едно е исто  и во двата случаја -  војската е ставена во служба на цивилните институции. Воено медицинскиот персонал работи и натаму со цивилното здравство во борба против коронавирусот, работат и со пациенти, а даваат поддршка и на полицијата во определени случаи. Ако има потреба, еден број здравствени работници на Армијата ќе бидат вклучени и во процесот на имунизација. Се заблагодарувам на овој кадар што се вложи целосно да ја помогне борбата против епидемијата“, рече Шекеринска.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе