Намален притисокот врз болниците

Во земјава се затворија дел од ковид центрите

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 586 лица и има околу 860 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12  пациенти, а вкупно 242 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники се примени тројца пациенти, во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени пет пациенти, три на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 68 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 89 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 80 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има четири пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19.

Вкупно 242 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 300 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, надвор од Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 344 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, во болницата во Штип 39 пациенти, шест во Тетово, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 57 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 27, во ковид центарот во Гостивар 10, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 15, во Кичево пет, Кавадарци 16, а во Гевгелија шест лица.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе