Во земјава против ковид-19 се вакцинирани 46 отсто од граѓаните, вели Сали

Опфатот со вакцинација против ковид-19 во земјава достигна 46 отсто, особено по последната кампања. Претходно опфатот беше над 43 отсто. Според министерот за здравство, Беким Сали, тоа не значи многу, но важно е да се знае дека имаме сосема доволен број вакцини и ги имаме на располагање за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација.

За жал, вели Сали, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што од друга страна е позитивна вест.

„Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот“, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.

 

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе