Скопје, Тетово и Гостивар на врвот

Во земјава нема град без активни случаи на ковид-19, здравствените власти повикуваат на масовна вакцинација

Во земјава нема ниту еден град без заразени од ковид-19, а бројот на активни случаи секојдневно расте и вчера достигна до 10.380, од кои над половина или 5.562 се регистрирани само во последните пет дена. Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.421, а потоа следуваат Тетово со 1.754 и Гостивар со 1.518.

Болниците во Тетово и Гостивар се преоптоварени, од вчера е речиси полна и болницата во Струмица, а според податоците од Министерството за здравство, болничките капацитети се делумно оптоварени и во Кичево и Струга.

Во меѓувреме, здравствените власти ги повикуваат граѓаните на масовно вакцинирање, бидејќи, како што рече министерот Венко Филипче, ова нема да престане и вакцината е единствениот спас.

„Има јасни меѓународни препораки од релевантни институции дека природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а  вакциналниот имунитет е потраен. Сите препораки укажуваат за што пократко време луѓето да се имунизираат. Така ќе се зголеми степенот на вакцинација и ќе се постигне колективен имунитет. Треба да спречиме следни бранови, ова мора да го прекинеме“, рече Филипче.

Над 650 илјади граѓани досега примиле барем една доза вакцина, а поради зголемениот интерес за вакцинирање, од следната недела повторно се отвора пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови“, порача Филипче.

Според податоците од Министерството за здравство, во претходното деноноќие биле регистрирани 1.250 нови случаи на ковид-19, а пријавени се 22 починати лица, на 20 август – 1.074 новозаболени и 22 починати, на 19 август – 1.158 новозабилени и 19 починати, на 18 август 1.081 новозаболени и 15 починати и на 17 август 999 новозаболени и 14 починати. Само во периодот од 17 до 21 август починати се вкупно 94 лица, додека последен пат без починат пациент е 3 август.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:  Скопје – 3421 активен случај, потоа следат Тетово – 1.754, Гостивар – 1.518, Куманово – 656, Кичево – 524, Струмица – 481, Струга – 308, Охрид – 284, Битола – 187, Дебар – 173, Прилеп – 141, Штип – 109, Велес – 107, Кавадарци – 102, Кочани – 88, Ресен – 83, Радовиш – 61, Свети Николе и Берово – по 52, Гевгелија – 40, Македонски Брод – 37, Валандово – 35, Кратово – 34, Виница – 33, Делчево – 22, Пробиштип – 13, Богданци – 12, Крива Паланка и Пехчево – по 10, Неготино – девет, Демир Хисар – осум, Крушево – шест, Македонска Каменица – пет, Демир Капија – три и Дојран – два активни случаи.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380. Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на ковид-19.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе