Ковид-статистика на Министерството за здравство

Во земјава на болничко лекување се 1.248 пациенти

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1.248, а има околку 175 празни болнички кревети во ковид - центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот, наведува Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.248 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, уверува Министерството.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе