Во зависност од состојбата со морбилите ќе се одлучува за одложување на второто полугодие

Министерството за образование и наука ја следи ситуацијата со епидемијата од морбили, во координација е со министерствата за здравство и за труд и социјална политика и врз основа на состојбата на терен ќе одлучи за евентуално одложување на второто полугодие од учебната 2018/2019 година, што треба да почне на 21 јануари.

„Во целосна коодинација сме и со министерот за  здравство и со министерката за труд и социјална политика, под чија надлежност е предучилишното образование, и сериозно ја следиме ситуацијата. Според тоа што ќе го имаме на терен, ќе преземеме мерки во пресрет на второто полугодие. Ќе биде преземено тоа што е неопходно од наша страна како надлежна институција“, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по посетата на ОУ „Васил Главинов“ во Чаир кое се реконструира.

Додаде дека со тие две министерства МОН е во координација и за изнаоѓање законско решение со кое, како што рече, ќе се поттикнат сите родители да ги вакцинираат децата затоа што основното образование е задолжително.

„Треба да водиме грижа и за следење на  воспитно-образовниот процес во основно и за вакцинацијата на нашите деца. И во постојниот Закон за основно образование е предвидено дека при упис на децата во основно, нивните родителите треба да докажат дека биле вакцинирани“, рече Адеми.

Соопшти и дека втората нацрт-верзија од новиот закон за основното образование е во финална фаза и наскоро ќе биде објавен на електронскиот регистар на прописи (ЕНЕР) и, како што рече, ќе содржи квалитетни решенија.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе