Коронавирусот се шири во Италија

Во Венето и Ломбардија живеат 16 илјади македонски државјани, нема информации за нивната состојба

Околу 64 илјади македонски државјани живеат во Италија, а од нив околу 12 илјади живеат во Венето и околу 4 илјади во Ломбардија, двата северни региони во земјата во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.

Ова се статистички податоци од италијанскиот сајт Тутиталиа. Податоците се од 2019 година, а засега нема официјални информации од нашите надлежни органи за состојбата со македонските државјани во овие два италијански региони, каде што се воведени вонредни мерки, откако во Италија досега се регистрирани над сто случаи на заразени од коронавирусот, од кои 89 во Ломбардија. Три лица починаа како последица на коронавирусот.

Според податоците на сајтот Тутиталиа, во Венето има 11.736 македонски државјани, а во Венеција, која се наоѓа во овој регион 2.820 македонски државјани.

Во Ломбардија, пак, според истите податоци лани живееле 3.648 македонски државјани, а во модниот центар Милано 335.

МИА

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе