Комисија за заразни болести

Во училиштата и натаму ќе се носат маски

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на мерката носење маски во училиштата со цел заштита од ковид-19, информираше портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Според него, состојбата во училиштата е постабилна и доколку се укине мерката, би имало потреба од нов скрининг.

„Во однос на маските во училиштата денеска не беше дискутирано. Епидемиолошката состојба во училиштата секако дека е постабилна. Направен е скрининг, скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор, меѓутоа би требало да земеме предвид една важна работа, а тоа е дека скринингот е направен додека важеше мерката за носење на маските во училиште, не е направен скрининг без маски во училиште и со таква мерка имаме таква трансмисија на вирусот. Дали би можеле да очекуваме исти резултати кога би ја укинале мерката, кога би ја промениле епидемиолошката состојба актуелна на теренот, тоа е нешто што епидемиолошки е нелогично ако се случи укинување на маските тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била на трасмисија на вирусот доколку имаме такви нови околности”, рече Мехмедовиќ. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе