До сега извршени се експлантации од 7 починати донори

Во тек е уште една трансплантација на срце и бубрези, донор е 42-годишна жена чија желба била да ги донира органите

Утрово, на клиниките за Кардиохиругија и Урологија започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор, објави министерот за здравство Венко Филипче.  Донор е 42-годишната пациентка кој починала, а на која желба и било органите да и бидат донирани. Министерот Филипче изрази сочувство и упати неизмерна благодарност за хуманост и добрина на ова семејство. 

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42-годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба, нејзините органи да бидат донирани. Трансплантацијата на срце се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40 сетина години кои се на дијализа“, соопшти Филипче. 

Почнувајќи од мај 2020 до сега извршени се експлантации од 7 починати донори, а трансплантирани се 5 срца, 12 бубрега, 1 коскено ткиво.

„На моите колеги од КАРИЛ, Клиниката за каридохирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за нефрологија, Институтот за трансфузиона медицина и Институтот за радиологија, им посакувам успешна работа“, додава министерот за здравство. 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе