По експлантацијаta на срце утрово од мртов донор

Во тек е третата трансплантација на срце, објави Филипче

Во тек е трансплантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, анестезиолозите д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Митасова, д-р Јасмина Илиевска, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри. Ова е трета трансплантација на срце во историјата на нашата земја, објави министерот за здравство Венко Филипче кој претходно информираше за текот на експлантацијата на срце од мртов донор.

Експлантацијата на срце од донорот започна утрово во 6:33 часот. Филипче најави дека таа беше започната по интензивните подготовки во текот на ноќта.

„На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот", објави министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава досега се направени две успешни трансплантации на срце.

Минатиот месец срцето на младата девојка Верица Белчовска, која ја загуби битката за живот по сообраќајна несреќа, продолжи да работи и да живее во телото на 22 - годишно момче чиј живот поради срцева болест беше во опасност. Нејзините бубрези ги добија двајца пациенти на дијализа, а на други пациенти им беа трансплантирани коски.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе