Во тек е организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка

Грижата за женското здравје е еден од приоритетите на Министерството за здравство. Во тек е организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Првпат жените имаат можност превентивен преглед да закажат електронски преку пријавување на веб платформата – skrining.mk, објави попладнево министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил.

Со организиран скрининг оваа година, посочува Сали, се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

„Прегледот, во рамки на скринингот за оваа возрасна група е бесплатен. Целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија. Матичниот гинеколог ги повикува жените со датум и час кога треба да се направи ПАП тестот. Следната година ќе биде опфатена друга возрасна група. Ова се прави согласно препораките на СЗО, интервалот на спроведување на скринингот е три години за да се опфатат сите возрасни групи,“ напиша Сали.

Оваа активност, потенцира министерот, се реализира во соработка со „Мој Термин", УНФПА и Националната комисија за рак на грло на матка при Министерството за здравство кои изминатиот период интензивно работеа на оваа новина.

Министерството за здравство објави спот по повод новата апликација skrining.mk .

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе