Конкурс за академската 2020/2021

Во студентските домови слободни се 5.419 места

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на редовни студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во земјава за студиската 2020/2021 година.

Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5.419 места. Од нив, за студенти запишани во прва година се наменети 1.083 легла, а за студенти кои се запишани од втора до шеста година и за апсолвенти се слободни 4.336 места.

Во пет студентски домови и сместувачки објекти во Скопје слободни се вкупно 4.015 легла за студенти, од кои најголем број-1216 се во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Во Битола има 385 места, во Охрид 226, Прилеп 333 и во четири објекти во Штип вкупно има 460 места за сместување.

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата на МОН и може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Рокот за електронското пријавување на студентите од втора година и повисоките години ќе почне на 27 јули и ќе трае до 17 август 2020, а рокот за електронското пријавување на студентите од прва година ќе почне на 7 септември и ќе трае до 21 септември.2020. Доколку останат непополнети сместувачки капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе продолжи сè до нивно пополнување, но најдоцна до 28 септември 2020.

Поради епидемијата со КОВИД19 и за да се избегнат масовни собирања и групирања, кандидатите кои конкурираат за студентски дом, документите ќе ги доставуваат до студентскиот дом за кој се пријавуваат за сместување почнувајќи од 1 август до 18 август 2020, додека студентите од прва година документите ги доставуваат почнувајќи од 7 септември до 22 септември 2020.

„Студентскиот дом ги доставува документите од сите кандидати до Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат. Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација“, пишува во Конкурсот кој денеска го објави МОН.

Во Конкурсот е објаснет начинот на кој ќе се распределуваат леглата за студенти, условите за прием, потребните документи за конкурирање за сместување и начинот и рокот за пријавување.

Според роковите за сместување, студентот се вселува во студентскиот дом од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавувањето на конечниот список.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе