Во средните училишта уписот ќе биде според потребите на компаниите, најави Царовска

Реален конкурс за упис во средните училишта врз основа на потребите и 97 дуални паралелки, односно паралелки со поинтензивна пракса и повеќе часови пракса во компанија е резултатот од договорот што го потпишаа училиштата за тие паралелки и компаниите кои за првпат се прикажани во конкурсот.

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска, конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите.

„Точно знаете и како родител и како ученик, дека во тоа училиште, таа паралелка има интензивна пракса во одредена компанија. Тоа ви дава простор да укажете на учениците и на родителите, дека тие работодавачи се подготвени понатаму, овие ученици да ги абсорбираат во своите компании по завршување на средното образование. Правиме две можности за еден ученик, ако заврши со средно образование да има директно вработување или пак подобра стартна позиција за во високото образование“, изјави Царовска во синоќешното гостување во „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

Таа уште рече дека Министерството интензивно работи на воспоставување на национален модел на дуално образование.

„Тој не почнува со мојот мандат, тој е започнат пред неколку години со обиди да се воспостави систем и тој да биде практичен и препознаен од учениците. Сите 11 пилот паралелки коишто беа отворени во дуално образование, дадоа одлични резултати. Токму затоа одлучивме дека тој модел треба да се преточи во законско решение, на коешто во моментов се работи и многу скоро ќе излезе на јавна дебата, но од друга страна во постојното законско решение имаме доволна ширина за да можеме да воспоставивме доволно паралелки со интензивна практична настава, во текот на втора, трета и четврта година. И феријалната пракса, но и практичната работа која треба да се работи во училиштата да биде пренесена во компании“, вели Царовска.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе