Во Специјалната болница „Св. Наум Охридски“ завршена е првата фаза од реконструкцијата

Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата.

Градежните зафати од реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид се комплетирани до 80 отсто од целосното реновирање, а во процес е и изградбата на новата Клиничка болница во Штип, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека повеќе клиники и оддели во здравствените установи добиле подобрени услови за работа.

„Хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир се реновирани двете гинеколошки операциони сали првпат по четири децении. Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија“, соопшти Министерството.

Оттаму велат дека во процесот се опфатени и здравствените установи во другите градови, како Здравствениот дом Велес каде комплетно е обновена службата за Итна медицинска помош, а во Општата болница во Куманово е отворен новиот Ургентен центар, комплетно нов објект изграден од темел.

До крајот на годината, како што соопшти МЗ, ќе почнат работите и на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

„Во периодот што следи уште 34 јавни здравствени установи во државата ќе бидат опфатени со активности за реновирање и подобрување на општите услови за работа. На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) веќе е почната постапка за набавка со која ќе биде опфатено комплетно молерисување на сите внатрешни простории, поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци, замена на ѕидни и подни плочки и замена на галантерија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби“, наведуваат во соопштението.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе