Во софиската болница останува само еден од повредените патници, четворица се пренесуваат во Скопје

Денеска од софиската болница „Пирогов“ се испишани уште четворица од повредените во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма” во Бугарија кога се запали македонски автобус, информираат од болницата. Во болницата остана само еден од повредените патници.

Бугарските медиуми јавуваат дека овие четворица пациенти се преземени од македонски медицински екипи и лекувањето ќе го продолжат во Клиничкиот центар во Скопје. Пациентите се отпуштени од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а во последните 24 часа нема промена во нивната состојба.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче кажа дека двајца пациенти, кои беа повредени во несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, а кои по лекувањето во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани на скопската Клиника за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани на домашно лекување.

„Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка“, информираше Филипче.

Тој најави дека денеска се очекува во земјава да се вратат тројца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија, меѓутоа од софиската болница соопштија дека денеска се отпуштени вкупно четворица.

Со тоа во „Пирогов“ на лекување останува уште само еден од преживеаните во несреќата и тој се наоѓа на Клиниката за неврохирургија.

Според лекарите од софиската болница, неговото закрепнување поминало без проблеми и почнал да се движи по две операции – на потколеницата и на ‘рбетот.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе